Руските ловци спремни за воена интервенција!

popara27 февруари, 201418min00
15

Москва – Воените авиони распоредени по должината на западната руска граница денес се стационирани и спремни за воена интервенција, соопштило руското Министерство за одбрана.

Истовремено морнарите на Балтичката и Северната флота започнале со подготовка на воените бродови во согласност со наредбата на рускиот претседател Владимир Путин – да се одржат итни воени вежби со цел да се провери воената подготвеност на руските вооружени сили.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој вчера ја објави нардбата на Путин за итни воени вежби изјавил во таа прилика: Внимателно следиме што се случува во Крим и околу Црноморските флоти.

Шојгу најавил дека вежбите ќе траат до 3 март и дека ќе се одвиваат во две фази со учество на 150 000 војници. Во другата фаза ќе учествуваат Северната и Балтичката флота.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma