САД: Русија нека внимава! Русија: Ќе го штитиме нашиот народ на Крим!

popara28 февруари, 201417min00
3

Функционерите на САД го предупредија рускиот лидер Владимир Путин дека испраќањето на војска во бившата СССР република би предизвикало сериозни последици, на што официјалните претставници на Москва одговориле дека ќе ги штитат интересите на својот народ.

На украинската криза сеуште не и се гледа крајот, а вчерашните настани предизвикаа дополнителна напнатост на подрачјето на таа бивша СССР република, особено кога станува збор за јужниот полуостров Крим, каде повеќето жители се Руси. Од Кремаљ синоќа пристигна информација дека воените сили се спремни за интервенција доколку има потреба да го штитат својот народ на Крим. А светот предводен од Америка и НАТО испрати предупредување до рускиот претседател Владимир Путин да не залетува и да не предизвикува немири. Министерот за одбрана на САД Чак Хејгел ги предупредил претставниците на Москва да внимаваат бидејќи би можеле да се пресметаат.

Реакцијата на официјална Мосва не задоцнила – Немојте да не провоцирате – пишувало во соопштението на тамошниот министер за надворешни работи.

Новоизбраниот премиер на Крим, Сергеј Аксјонов изјавил дека Виктор Јанукович се смета за легитимен претседател на Украина. Од друга страна, опозициониот лидер предупредува: Кличко – Путин подобро нека не го штити диктаторот Јанукович!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma