Само времето може да разбере колку е важна љубовта

popara20 февруари, 201417min00
2

Многу одамна постоеше остров на кој живееја сите чувства: среќата, тагата, љубовта и сите други. Еден ден на чувствата им беше соопштено дека островот ќе потоне, и дека тие мораат да го напуштат за да се спасат.

Љубовта беше последната која остана на остовот. Таа сакаше да издржи се до последниот момент. Но кога островот почна да тоне таа одлучи да побара помош.

Љубовта прво ја здогледа алчноста како го напушта островот.Кога љубовта ја замоли да ја поведе со себе алчноста и одговори: „жал ми е љубов, но не можам да те земам мојот брод е полн со злато сребро и други скапоцености. Нема место за тебе“

Потоа помина и самобендисаноста, и кога љубовта ја замоли за превоз таа и одговори: „Извини љубов, не можам да ти помогнам ти си целата мокра и можеш да го оштетиш мојот прекрасен брод“

Во близина беше и тагата. Па љубовта во очај побра рака за спас и од неа но тагата меланхолично одговри: „Ох… љубов премногу сум тажна, сакам да бидам сама“

Среќата беше до толку еуфорична што дури не ги ни слушна молбите на љубовта.

Наеднаш љубовта слушна еден глас „Дојди љубов, јас ќе ти помогнам“ тоа беше еден старец. Љубовта беше толку среќна и возбудена што дури не стаса да го праша старецот за неговото име.

Кога пристигнаа на копно секој си тргна по својот пат. Љубовта тогаш сфати колку многу му должи на старецот, па се обрати до еден друг старец- знаењето. Знаењето и кажа на љубовта дека нејзиниот спасител е времето.

„Времето?“ зачудено праша љубовта „Зошто времето би ми помогнало мене?“

Знаењето се насмевна и на лицето му заигра длабока мудрост

„Бидејќи само времето може да разбере колку е важна љубовта“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag