Некои нешта во сексот не им се допаѓаат на жените, а дополнително ги иритира ако тие нешта се повторуваат. Еве неколку карактеристики кои жените не ги сакаат, а ако ги применувате ќе ве сметаат за лош љубовник.
„Драга, може ли вечер да имаме секс?“
Нема ништо секси во барањето секс, како ни во маж кој го бара тоа. Добриот љубовник знае на жената суптилно да ѝ даде до знаење дека сака секс и знае да ја натера и таа да посака. Малку вистински допири и погледи се доволно за будење на либидото кај двајцата.
Глумење
Никаков вид претерано глумење во креветот нема да ви донесе поени кај жените. Нив им се досадни мажи кои во вистинскиот живот се нежни и пристојни, а во кревет глумат ѕвезда од порно филмови. Најдобро е да бидете свои, а упорноста и промените секогаш се добри, но без глумење на нешто што не сте.
Сиромашен речник
Жените не сакаат кога мажите за време на сексот повторуваат едни исти реченици. Тоа може да биде и многу полошо од тишина. Уживањето може да се изрази на многу различни начини, а добрите љубовници знаат убаво да говорат во креветот. И да, многу жени за време на сексот сакаат да развијат конверзација бидејќи тоа ги возбудува. Затоа, задоволете ги!
Секс, па секс, па секс…
Ниту една жена не сака да се третира како пластична секс кукла. И ниту една жена не сака секс без страст. Секако дека тоа не значи дека секој секс треба да биде експлозивен и незаборавен, но треба да ја направи жената да се почувствува сакана и посакувана. Водете љубов со неа како да е единствена на светот, а некогаш приредете ѝ и некое изненадување. Во спротивно, таа би можела да побара утеха од механичкиот секс во нечиј туѓ кревет.