
Лејди Гага е дел од познатите личности кои секогаш знаат како да привлечат внимание.
Понекогаш скандалозните изјави ја поставуваат под светлината на прожекторите, а друг пат, меко кажано, ексцентричниот стајлинг.
Случајот што денес ќе го коментираме припаѓа на втората група.
Пред неколку дена Лејди Гага се појави во Њујорк облечена во црн и проѕирен комбинезон, кој повеќе личи на пижама, отколку на облека за дневна прошетка.
Длабокото деколте открива исто така проѕирен црн прслук.
Светските медиуми секако не го одминаа и фактот дека Лејди Гага во последно време има неколку килограми плус.



