
Студентите Анастасија (Русија) и Мигел (Мексико) го прославуваа своето успешно дипломирање со секс на тераса, но оградата се сруши, а и тие со неа; немале шанса да го преживеат падот од 20 метри височина,
ЛОНДОН – Двајцата ученици, рускинката и мексиканецот, загинаа во Лондон за време на сексот, бидејќи паднаа од балконот од висина од 20 метри.
Анастасија Татиќ(19) го прославувала успешно положениот завршен испит во престижниот колеџ Belerbiz, каде што била еден од најдобрите студенти. Инаку, на колеџот школувањето годишно чини 21.000 фунти, а семејството на Анастасија можела да и ги дозволи најдобрите училишта.
Журката била жестока, многу се пиело, а во еден момент таа излегла со нејзиниот дечко Мигел на тераса.
“Тие се обидуваа да имаат секс на балкон. Дечкото ја подигаше девојката на оградата неколку пати. Поместувајќи се заедно напред назад, а тоа што го правеа изгледаше многу опасно. Меѓутоа, јас не очекував да ги видам како паѓаат”, рече Самсон Огунтајо( 32), сосед од другата страна на улицата.
Стрча кон местото и го виде младиот пар како лежи на бетонскиот под во локва од крв. Тој веднаш повикал брза помош и тие дојшле брзо, но спас немало.
Нивниот колега Алфонсо, исто така, мексиканец, рече дека Мигел пред само една недела пристигнал во Лондон, и дека парот се запознал на таа журка.
– Тие се сретнаа на забавата. Си се допаднаа и отидоа на балконот за да се милуваат. Тие беа сами таму. Анастасиа беше многу убава, витка со зелени очи, но и многу интелигентна, еден од најдобрите студенти на годината. Семејство на Мигел е уништено. Неговите родители доаѓаат утре наутро во Лондон од Мексико “, рече Алфонсо.
Родителите на Анастасија пристигнаа денес во Лондон.
