Со години болување од тешки болести ги приморале многу луѓе од сите краеви на светот да отидат во Занзибар, каде што живее еден од најпознатите и најуспешните исцелители, Мадава. Токму тој им нуди на сите луѓе еден несекојдневен рецепт за оздравување и долг живот: здрава храна и многу секс.
Мадава или Господин Мадава, како што го нарекуваат луѓетоа на островот, е најугледниот исцелител од Занзибар, источноафриканскиот архипелаг и Индискиот океан. Меѓутоа, веќе од неодамна почнаа да го посетуваат и пациенти од Канада, Германија, Оман и Јужна Африка.
Не може да се сети од кога луѓето почнале да го нарекуваат Мадава наместо Мохамед Саид Али, како што гласи неговото вистинско име. Но никогаш не се сомневал дека луѓето ќе почнат да го нарекуваат како што ги нарекувале и неговите татко, дедо и прадедо. Тој е петта генерација Мадава исцелител.
Своите лекови ги припрема од билки кои растат на Занзибар. Нането го користи како антисептик, ѓумбирот против болки, циметот како афродизијак, а лимонот против разни инфекции. На Занзибар исто така расте и шафран, кордамон, бибер и кокос. Мадава прави напивки, креми и масла од локални овошја, билки, школки, цветови и корења.
Убеден е дека луѓето не би се разболеле доколку обраќаат внимание на две работи. Редовниот секс ги држи хормоните на оптимално ниво. (Модава има четири жени и 39 деца). А уште поважна е правилната исхрана.
Мадава со години патува во градови како Њујорк, Ротердам и Берлин, каде што држи предавања за својата филозофија на лечење и на исхрана. Им ги кажува истите оние работи кои им ги кажува и на неговите пациенти во Занзибар. Мадава вади лист хартија и на него црта круг. Со помош на три нацртани линии создава шест еднакви дела во облик на парчиња пица. Во секое од нив запишува зборови: воздух, вода, овошје, зеленчук, ориз/банани, риба/месо. Тој вели дека тоа се оние работи кои се неопходни за телото. По малку од сето тоа, и ништо повеќе.
Неговиот татко починал на 122 години почитувајќи ги овие принципи. Шеесетгодишниот Мадава тврди дека никогаш во животот не се разболел.