Познатиот актер Шон Конери ги повикал денес сонародниците на референдумот за независност на Шкотска закажан за септември, да го подржат тој предлог, истакнувајќи дека тоа е одлична шанса која не смее да се пропушти.
Тој 83 годишен актер, еден од најактивните подржувачи на кампањата на Шкотската национална партија за гласање на независност на референдумот во септември, изјавил дека независноста ќе ја направи Шкотска активна на светската сцена.
Тоа би потикнало поголеми инвестиции во шкотскиот филмски сектор и меѓународна промоција на Шкотска како оргинална локација, се вели во авторскиот текст на Шон Конери.
Конери е роден во Шкотска, но таму не живеел со години, туку поголемиот дел од животот го поминал во Шпанија, на Бахамите и Њујорк. Од 2003 година изјавил дека нема да се врати во Шкотска се додека оваа земја не се одвои од Обединетото Кралство.
Најновата анкета покажа дека 53% од Шкотите сакаат да останат во склоп на Обединетото Кралство, додека независноста ја подржуваат 35% од анкетираните.