Шарлиз Терон и Шон Пен наводно се новиот холивудски пар. Според американските медиуми актерката присуствувала на хуманитарната гала вечера организирана од страна на Шон Пен, а присутните забележале дека нивниот однос е повеќе од пријателски.
Иако не позирале заедно на црвениот тепех, актерите цела вечер седеле заедно и при тоа разменувале нежности не криејќи се од очите на јавноста. Цела вечер се гушкале, а имало и страсни француски бакнежи.
Тие поминуваат доста време заедно и се се одвива мошне брзо – вели изворот.