Што да правите ако престане да ви се јавува?

popara22 декември, 20141min00
16

Одеднаш стана оддалечен, не ви се јавува, не ви праќа пораки… Што да правите?

Еден дел од вашиот мозок ви кажува дека нешто големо се случува и навистина не може да ви се јави, па смислувате оправдувања во негово име. Но, друг дел од вас чувствува дека нешто не е во ред, не е повеќе заинтересиран, па дури и можно е да пронашол друга…

Како да се справите со оваа безизлезна ситуација?

Не го бомбардирајте со пораки

Најлошото што можете да го направите е да започнете бомбардирање со пораки. Тоа е најлесниот и најбрз начин да го одбиете од себе. Ќе изгледате како очајна девојка, која за возврат ќе добие уште поголема тишина.

Испратете една вообичаена порака

Прифатливо е да се обидете еднаш или два пати да го добиете, чисто да откриете за што се работи. Ако не ви одговори во рок од 3 дена или каже дека ќе ве побара, а не го направи тоа, уште еднаш прашајте во што е проблемот. Ако повторно ве игнорира, време е да се откажете.

Пробајте лично да се сретнете

Ако е можно, видете се во 4 очи, така најлесно ќе го откриете проблемот. Неговиот глас го издава, затоа обрнете внимание на манирите и тонот со кој ви зборува.

sto-da-pravite-ako-prestane-da-vi-se-javuva-02.jpg

Не им раскажувајте на сите

Бидете внимателни на кој се доверувате во оваа ситуација. Никако не им се исповедајте на заедничките пријатели, тоа е прво правило.

Не пишувајте предизвикувачки реченици по социјалните мрежи

Сигурно не сакате приватниот проблем да прерасне во јавна расправија. Ако мислите дека вака ќе го испровоцирате да ви се јави – грешите.

Не го чекајте

Нема поента постојано да го проверувате мобилниот или да гледате дали имате пропуштен повик. Продолжете со животот како и пред него. Ако се јави – одлично, ако не се јави – исто така одлично, барем знаете дека сега сте слободни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag