Тешко дека би можеле да направат подобра реклама за веганскиот начин на исхрана од фотографијата на 78 годишниот Џим Морис, бодибилдер и веган, како и активен член на ПЕТА.
На неговото тело ќе позавидат и многу помлади мажи па не е ни чудо зошто токму овој човек е избран за рекламно лице на кампањата на ПЕТА: Think Before You Eat.
“Протеините во животинските производи се преполни со масти и хемикалии кои се штетни за нашиот организам”, вели Морис и додава “Кога се натпреварував јадев се и сешто. Тоа предизвика дигестивни потешкотии. Без подуен и незадоволен. Знам дека не би бил ваков каков што сум, ако продолжев да се хранам како тогаш”.
“Млекото е за бебиња. Луѓето, како што ми е познато, се единствените кои продолжуваат да пијат млеко и како возрасни. Луѓето не сваќаат дека во моментот кога ќе престанат да конзумираат производи од животинско потекло, ќе им се врати здравјето и расположението”, вели Морис.