Некои од шпекулациите се дека уредот ќе се вика iPhone 6, според некои во игра е iPhone Air, но без разлика на името, добар дел од корисниците сакаат некои нови функции.
Поголем екран
Веројатно нема корисник на iPhone кој не посакува поголем екран, со дијагонала поголема од онаа на актуелниот модел. Ако може да им се верува на шпекулациите што веќе подолго време кружат, ова очекување ќе биде задоволено, а на пазарот ќе се појави верзија со 4,7 инчен екран.
Подолготрајна батерија
Сите сакаме телефони со подобри перформанси, но тоа ништо нема да ни значи ако батеријата не е во состојба да ги издржи. iPhone 5S и 5C имаат подобра батерија во споредба со претходната генерација на смартфонот, па многумина очекуваат дека новиот модел ќе добие уште повеќе капацитет. Добар дел од корисниците би прифатиле и малку „подебел“ смартфон ако тоа значи подолготрајна батерија.
Отпорност на вода
Sony и Samsung веќе претставија модели кои се отпорни на вода, но Apple се уште ја нема оваа можност.
Вграден IR
Врвните модели на Samsung, Galaxy S4 и S5 имаат IR функција, што значи дека корисниците можат својот паметен телефон да го користат како далечински управувач и да контролираат разни уреди.
NFC
Шпекулациите велат дека Apple ќе ја примени оваа технологија која е корисна за плаќање со мобилен телефон. Иако NFC е присутна на пазарот веќе подолго време и ја користат конкурентските компании, Apple досега не ја применил, пишува Cnet.
Подобра верзија на Siri
Повеќе пати досега се спомнуваше подобрена верзија на Siri, но тоа не се случи. Сепак сега конкуренцијата како Google Now и Microsoft Cortana полека се приближуваат до Siri, па очекувањата се дека Apple овој пат ќе претстави подобрена верзија.
Безжично полнење
Оваа технологија е многу интересна за корисниците, но се уште не е широко распространета. Во моментот, ако сакате да ја наполните батеријата на iPhone со помош на индуктивното безжично полнење, морате да купите посебна футрола и база.
Повеќе опции за прилагодување
Една од предностите на Android е тоа што е присутна можноста за користење на виџети и прилагодување на телефонот според желбите и потребите на корисникот. Во iOS има одредени такви опции, но тоа не е доволно за желбите на купувачите.
Повеќе простор за складирање
Уште во јуни 2010 година постоеја шпекулации за новите Toshiba 12GB Nano Flash модули, но iPhone се уште нуди модел со најмногу 64GB меморија, без опција за зголемување со microSD картичка.
Подобар процесор и графика
Apple постојано ги подобруваше графичките можности на iPhone, па затоа очекувањата се дека новиот модел ќе добие подобрени перформанси.
Подобра камера
Apple со секоја нова верзија на iPhone дополнително ја подобруваше камерата. Нема причина зошто корисниците не би очекувале подобрување на опциите кај новиот модел.