Што си ти: Хиена, шпион, емотивец, петел или крадец според Фејсбук хороскопот?

6 април, 20140
15

Хиените се корисници кои никогаш ништо не коментираат, а комуницираат само со смајли, додека шпионите се сеприсутни, но не оставаат траги, не пишуваат статуси, никогаш не коментираат и никогаш ништо не лајкнуваат иако редовно читаат, рече за Хина Антун Халоња, виш научен соработник од Институтот за хрватски јазик и граматика, автор на текстот „Фејсбучење до зори“, објавен во списанието Хрватски јазик на тој институт.

Халоња објаснува дека тие кои сметаат дека нивна должност е на сите пријатели од Фејсбук редовно да посакаат добро утро нарекувајќи ги петли, госпоѓа популарна или господин популарен се тие кои без конкретна причина имаат по неколку илјади пријатели, играјќи со часови на мрежните игри, додека емотивците го мразат својот живот, па статусите им се обоени со мрачни тонови.

Промоторите испраќаат покани за разни настани, крадците крадат туѓи статуси и ги претставуваат како свои, кралиците на драмата сепак се надеваат дека со недокажани објави со катастрофален вовед ќе привлечат внимание и дека другите ќе ги прашаат што им се случило, а тука се и лајкерите кои речиси никогаш ништо не коментираат, но често лајкнуваат. Со оглед на содржините на статусите кои ги пишуваат, на Фејс можеме да сретнеме блогери, филозофи, мрчатори, луѓе што се фалат, индиго-мудреци, комичари, статус-репортери, емотивци кои самите се сожалуваат, спикери и збунувачи, вели Халоња.

– Хрватските корисници направија интересна поделба на профилите, а според примерот на Фејсбук како богат извор на жаргони се покажа дека се прилично инвентивни – истакна Халоња, кој во својот докторат Хрватски компјутерски жаргон, споредувајќи ги хрватските корисници на интернетот со останатите кои пишуваат на словенски јазици, заклучи дека Хрватите се некаде меѓу Словенците, најголеми пуританци во таа смисла, и Русите кои создаваат жаргонизми во толку големи количини што можат да се вбројат семантички, според животни, појави и слично.

Според неговите зборови, интернетските жаргонизми во хрватскиот, па и тие на Фејсбук, најчесто настануваат со преземање од странски обично англиски јазик, со употреба на домашни зборови во ново значење. Некои зборови обично ги лансира едно лице или група од две до три лица, потоа тие како епидемија се шират на интернет, а потоа се појавуваат во весниците или списанијата, па продолжуваат се повеќе да се користат, додаде тој.

Како еден од најпознатите и најупотребуваните жаргонизми поврзани со Фејсбук се издвојува прилагодениот збор ЛАЈК, во значење на Ми се допаѓа, следи прилагодениот збор Фејсбук кој со скусување стана Фејс, фејсер – корисник на мрежата, фејсбучење е компулсивно занимавање со Фејсбук, а хејтер фрла хејтови на се што не му се допаѓа, иако никој не го присилува да биде член на група со која нема ништо заедничко.

Халоња смета дека жаргонот од Фејсбук ќе влезе во секојдневниот говор зависно од тоа за која група станува збор, меѓу тинејџерите тоа сигурно е така, но не смета дека тие изрази се закана за хрватскиот јазик, бидејќи секогаш ќе останат во доменот на жаргонот и не треба да се пипаат. Никој не може да ви одреди како ќе зборувате, зборовите треба да се пуштат сами да се шират, а времето најдобро ќе покаже кои зборови ќе останат, истакна тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi