Регистрирани се 122 нови случаи на заразени од вирусот ХИВ, најмногу во декември. Со ова вкупната официјална бројка на лица заболени од СИДА во Албанија се искачи над 600.
Се стравува дека бројот на заболени е многу поголем, бидејки не се вршат контроли. Неофицијално во Албанија има повеќе од илјада ХИВ позитивни лица.
Одговорниот за заболени од СИДА во секторот за Јавно здравство на Албанија, многу е мал бројот на лицата кои се тестираат за вирусот ХИВ. Тој вели дека од вкупниот број инфицирани со СИДА 30 % се жени.
Од вкупната бројка регистрирани болни од СИДА, 33 се деца. Како последица на оваа болест досега починале 112 возрасни и шест деца. Најголем број од заразените или 48% се од подрачјето на Тирана, потоа следуваат поголемите градови Валона,Драч и Елбасан.