Со векови човештвото ја бара тајната на вечната младост и убавина… А се чини дека таа била “скриена” внатре во нас. Во нашите емоции. Или поточно кажано – најубавите емоции не прават поубави!
Ние сами не го измисливме ова. Напротив! Научниците од американскиот институт за дерматологија во Њујорк докажаа дека емоциите се одразуваат најмногу на надворешниот изглед.
Кога сме смирени, радосни, насмеани, позитивни… Воопшто, кога сме среќни како целина стимулираме производство на хормони, кои ја прават кожата по светла, мазна и мека. Да не зборуваме и за оној шарм што го добиваме.
Од друга страна негативните емоции се погубни за надворешниот изглед. Стресот, на пример. Тој го намалува производството на калоген во кожата, а тоа доведува до предвремено стареење. Тој може да предизвика и појва на акни. Затоа при голема ментална напнатост кожата започнува да се мрси побргу, а тоа води до кожни проблеми.
Покрај тоа, кога нивото на хормонот на стресот – кортизол, се зголеми, телото почнува да доживува зголемен апетит за шеќер. Тој пак води до таложење на маснотии – особено во областа околу половината. И еве како негативните емоции можат да ја уништат вашата фигура!
Заклучокот е дека треба да сме среќни! За да ја најдете среќата во светот околу вас, прво треба да ја пронајдете внатре во вас. И тоа не е толку тешко, верувајте!