САД – Жена од западна Пенсилванија уапсена е поради сомеж дека од својот болнички кревет на оделението за интензивна нега дилала хероин.
Болничкото обезбедување почнало да се сомнева кога необично голем број луѓе почнале да влегуваат и излегуваат во нејзината соба. Еден полицаец на тајна задача потоа влегол во нејзината соба и купил хероин во вредност од 90 долари.
После претресот бил најден хероин во вредност од 3800 долари, шприцови како и 1400 долари кеш.