Вистински кошмар е кога еден нокт на раката неочекувано ќе ви се скрши. За среќа за овој проблем има решение.
Нема потреба да ги скратите и останатите нокти ако ви се скрши еден и да се откажете од убавиот маникир.
Се што ви е потребно е ќесичка од било кој чај, неутрален лак и вашиот омилен лак за нокти во боја.
Прв чекор: Од ќесичката за чај откако ќе ја испразните, исечете мало парче за да се покрие делот каде што е скршен ноктот.
Втор чекор: Намачкајте прозирен лак или база и потоа веднаш пред лакот да се исуши како да ставате ханзаплас внимателно залепете го парчето од вреќичката чај. Нека се исуши.
Трет Чекор: Намачкајте го својот омилен лак преку целиот нокт во два слоја.Процесот се повторува се додека ноктот не порасне доволно за да можете убаво да го исечете.