Ден Сандерс, келнер од Австралија живеел живот на милионер кога во 2011-тата година случајно открил технички пропуст на еден банкомат, преку кој успеал да подигне околу 1.2 милиони евра.
Следеле неколку месеци луксузен живот, а Сандерс во тој период парите ги трошел на приватни летови, коцкање, скапи ресторани и проститутки.
Сè почнало за време на едно ноќно излегување со пријателите, кога Сандерс дошол до банкоматот да подигне пари, но на сметката имал само три долари, па одлучил од кредитната картичка да префрли 200 долари.
“Пишуваше дека трансакцијата е поништена, но од банкоматот си заминав со 200 долари”, вели Сандерс. Имено, банкоматите во одреден дел од денот се исклучуваат поради редовното одржување. Во тој момент, граѓаните можат да подигнат пари, но без информација за состојбата на сметката, бидејќи тие трансакции не се регистрираат.
Сандерс продолжил да зема пари, сумите константно растеле, но со парите пристигнале и проблеми.
“Ја изгубив работата и девојката, но имав неограничен извор на пари. Одлучив да живеам”, наведува Австралиецот кој знаел дека тој начин на живот нема да трае долго.
Почнал да живее како милионер, а во новите кругови се претставувал како професионален играч на покер, хирург или банкар. Во јуни во банката го пријавил пропустот, а тие му кажале дека веќе има полициска истрага во тек. Сандерс престанал да зема пари и јавно проговорил за својата измама.
Полицијата издала налог за негово апсење, а тој наеднаш мистериозно исчезнал.
https://www.youtube.com/watch?v=rFXp0hauHAU