Основниот фокус на модниот бренд Нина Ричи за пролет/лето 2014 година е белата боја. Сите претставени креации се крајно елегантни, нежни и префинети, што тешко дека некоја жена би можела да им одолее. Во колекцијата преовладува кристално белата боја во комбинација со нијанси како сино небо, сиво, кремаво и тиркиз. Има и неколку модели со цветен принт, како на пример костими со здолништа, фустани, блузи и слатки туники.
Погледнете ја колекцијата – внесете малку топлина и пролетно расположение!
httpv://www.youtube.com/watch?v=gGnJnNBSiGs