Потребни состојки:
- 2 црвени пиперки
- 6 јајца
- 500 ml млеко
- 150 g брашно
- 4 лажички масло
- 4 лажички путер
- 150 g исечкана шунка на резанки
- 150 g сирење исечено на резанки
- Сол и бибер
- Салата за гарнир
Подготовка:
Пресечете ја пиперката на пола, извадете ги семките, па исечете ја на ленти.
Јајцата изматете ги со млекото. Додајте го брашното, посолете и додајте малку бибер.
Во еден сад загревајте по една лажичка од путерот и маслото.
Од четвртина од тестото направете палачинки.
Рерната загрејте ја на 200 степени.
Кога ќе ги испечете, врз нив ставете четвртина од шунката и сирењето. Додајте четвртина од исечканата пиперка и тенко исечените резанки сирење. Замотајте ги и ставете ги во огноотпорен сад.
Ставете го садот со палачинки во загреаната рерна и печете ги ролните од палачинки околу 5 минути.
Извадете ги ролните палачинки од садот и исечете ги на подебели резанки од околу 3 cm и наредете ги на загреана чинија за подолго да останат топли.
Декорирајте ги со листовите зелена салата.