
Состојки:
400г пишкоти
За фил:
2 кесички пудинг од ванила,
1л млеко,
150г шеќер,
150г путер,
500г праски, 2 кесички шлаг,
100мл млеко
За декорација:
1 кесичка желатин,
200г праски,
2 лажици шеќер во прав,
сецкани бадеми
Подготовка: Згответе го пудингот, а кога ќе се олади соединете го со путерот. Излупете ги праските, преполовете ги и извадете им ги семките. Едната половина исецкајте ја на коцки и додадете ги во пудингот и путерот.
Во округол сад наредете ги пишкотите, над нив наредете ги половините праски, а преку нив истурете го пудингот.
Праските за декорација излупете ги, исечете ги на кришки и гответе ги малку во вода засладена со шеќер. Желатинот растворете го во вода и лесно измешајте го во засладените праски. Од страните ставете ги исецканите бадеми.
Смесата распоредете ја по тортата, а пред служење оставете ја добро да се олади во фрижидер. Кога ќе ја служите одозгора ставете шеќер во прав.