Спасил 669 деца во текот на Холокаустот: После 50 години му подготвиле изненадување што засекогаш ќе го памети…

popara8 јули, 20141min00
Спасил 669 деца во текот на Холокаустот: После 50 години му подготвиле изненадување што засекогаш ќе го памети…

Николас Винтон од Лондон требало деновите пред Божиќ 1938 да оди на скијање во Швајцарија. Во последен момент сепак одлучил да оди во Прага и да му помогне на својот пријател кој ги спасувал евреите кои биле протерани.
Кога видел во какви услови живеат еврејските деца, направил се што можел за да спаси што повеќе од нив, а благодарение на него, морничава смрт избегнале 669 деца, од кои 104 и денес се живи.
Основал организација која им помагала на децета да бидат префрлени на сигурно. Винтон никогаш не проговорил за своето херојско дело. Тајната би ја однесол во гроб, доколку неговата жена не ја најдела тетратката скриена на таван, во која биле имињата на сите деца кои тој ги спасил.
Целиот свет дознал за неговото несебично дело кога гостувал во емисијата “Тоа е животот“ 1988 на ВВС, каде сите во публиката биле возрасни луѓе кои тој како деца ги спасил.

httpv://www.youtube.com/watch?v=6_nFuJAF5F0