Според тоа кој мистичен квадрат најмногу ве привлекува, ќе ја дознаете вистина за себе

popara19 ноември, 201417min00
4

Сега е потребно да се сконцентрирате на својата врска со природата и врската со самите себе.

Не треба премногу да размислувате, погледнете ја фотографијата и веднаш одлучете се кој мистичен квадрат најмногу ве привлекува. А во продолжение прочитајте што ви порачува избраниот квадрат.

1.

Време е да ги надминете вашите стравови. Во што и да се колебате, имајте на ум дека секогаш постои позитивен начин на приближување кон работите. Вие сте многу силна личност, потребно е само да верувате во тоа и ќе се движите напред. Најмоќната работа што ја имате е вашиот ум.

2.

Време е да се препуштите на животот и да оставете патот пред вас сам да се разоткрие. Не грижете се  за вашиот следен потег. Кога се грижте себеси си создавате пречки. Животот нека се случи. Само ако го направите тоа и започнете да одите по својот пат, низ него ќе најдете сѐ што ви е потребоно.

3.

Сега е потребно да се фокусирате на вашата врска со природата и односот со самите себе. Фокусирајте се на создавањето рамнотежа помеѓу работата, семејството и поминувањето доволно време на отворено. Потпрете се на природата кога се чувствувате изгубени. Природата е „создавање“. Природата е дом.

4.

Морате да бидете повеќе отворени кога се во прашање другите луѓе и нивното мислење. Не е сè црно и бело, ниту пак треба да биде. Морате да донесувате одлуки врз основа на гледање на секоја ситуација и од сите агли. Тоа е единствениот начин како да се биде фер во секој поглед.

5.

Време е да започнете најдобро да го создавате вашиот живот! Вие ја имате моќта да направете ништо и сè , а сѐ што се бара од вас е само да се обидете. Сфатете го она што го чувствувате. Дали сакате да почувствувате љубов, здравје или богатство? Не се работи за работите што сакате да имате, туку за чувствата што треба да ги имате. Ако навистина нешто сакате да го имате, ќе биде ваше.

6.

Понекогаш треба да направите пауза од некои работи. Оставете сѐ што не ви дава да спиете и ви ја исцрпува енергијата. Оставете некој друг да се грижи за овие работи некое време. Фокусирајте се на она што сакате навистина да го направете. Што е она што ќе направи да се чувствувате успешни и креативни. Важно е да се има рамнотежа, а чувството како да сте заробени во сè што правите  е многу нездраво. Давајте знаци дека ви е потребна помош.

7.

Време е навистина да го слушнете она што срцето ви кажува да го направете. Користите ја вашата интуиција. Сè е енергија и затоа сè е поврзанo. Не се сомневаjте во вашите внатрешни пораки. Тие обично се точни. Знаците се насекаде околу вас. Бидете отворени за сите пораки во животот.

8.

Животот може да биде позитивен и негативен, светол и темен, среќен  тажен… Дури кога ќе можете да учите нешто од проблемите, вашиот живот ќе биде повеќе позитиввен. Неопходно е да развиете чувство за разбирање на сите животни ситуации и за сите животни лекции.

9.

Вие сте сакани, дури и ако немате некој околу себе со кој ќе разговарате. Вас ве сака цела вселена. Енергијата е во создавањето. Создавањето е љубов. Создавањето сте вие. Кога испраќате љубов на сите, љубовта од секаде ви се враќа. Испратете љубов кон некого кого го знаете. Ако не знаете кому, испратете им љубов на дрвјата, растенија, животните, Господ, или пак на луѓето воопшто и љубовта ќе ја добиете назад.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma