Формацијата која се појавила среде Сахара со своите прецизни дефиниции и облици остава впечаток дека станува збор за надприродна појава и тешко е да се поверува дека се работи за дело на човечка рака. Меѓутоа ова сепак е дело на уметници.
Со цел да направат голема уметничка инсталација “Пустински здив“ во југоисточниот дел на Сахара, во Египет, неколку уметници во 1995 година ја основале групата D.A.S.T.Arteam.
Ова уметничко дело опфаќа површина од 100 000 квадратни метри и во текот на изградбата се преместени 8000 кубни метри песок, за да се создаде спирала. Центарот на конструкцијата е базен полн со вода и со пречник од 30 метри.
httpv://vimeo.com/52656500#at=0