Бебето од Мериленд, Америка е старо само 4 месеци, а има редок облик на тумор на мозокот, а снимките кои се направени покажуваат дека во мозокот се појавила структура иста како заб.
Дека бебето има некој здравствен проблем докторите заклучиле според тоа дека неговата глава била нешто поголема во однос на другите деца на таа возраст.
Детето било оперирано, а забот бил изваден од мозокот. Лекарите заклучиле дека се работи за многу редок тумор, кој може да порасне колку пинг понг топче, но не се шири.
Бебето се опоравува добро после операцијата и се смета дека ќе нема никави здравствени последици.