
Кристина Лифејв (25) танчерка, стриптизрка и масерка од Лас Вегас украла од 66 годишниот Кент Херолд скапоцен Ролекс во вредност од 35 000 долари, кој го скрила во вагината.
Херолд ја повикал во својот апртман во еден хотел во Лас Вегас. За време на третманот Кристина му рекла да го извади и сатот за да му ги измасира и рацете.
Откако Кристина си ја завршила работота и си заминала, Кент забележал дека го нема часовникот и пријавил во полиција.
За време на кратката истрага Кристина признала дека го скрила часовникот во вагината. Таа била префрлена во локалната болница каде после направените рендген снимки било утврдено дека часовникот сеуште е внатре. Ролексот потоа бил изваден, а Кристина обвинета за тешка кражба.
Нејзиниот адвокат вели дека Кристина е невина и дека Ролексот и го подарил Херолд, но дека потоа ја обвинил за кражба бидејќи не сакала повеќе да се гледа со него.

