Строгиот пост го продолжува животот на болните од рак

popara9 јуни, 20141min00
10

Научниците откриле дека гладувањето е одлична метода во борбата со карциномот, но и тоа дека умереноста со храната може и на здравите луѓе да им го продолжи животот.
Калориската рестрикција, вид диета каде внесот на храна е намален за одреден процент, се нуди како начин за продолжување на животниот век, особено за луѓето болни од рак,.
Неодамна спроведеното истражување подразбира нова потенцијална предност, вклучувајќи подобрување на исходот од болеста за жени со карцином на градите. Според студијата веројатноста за понатамошен развој и метастазирање на еден од најагресивните облици карцином на дојката била многу помала кај лабораториските животни кои внесувале помалку калории.