Откако неодамна во интервју за E! го обвинила 77-годишниот Бил Козби дека сексуално ја злоставувал, Џенис Дикинсон истото одлучила да го повтори во интервјуто за CNN.
Супермоделот, како и првиот пат, во детали опишала како славниот комичар ја силувал пред повеќе од 30 години на езерото Тахо во својата куќа. Додека водителката ја смирувала, во солзи објаснила дека повикот на Бил за дружење го прифатила бидејќи мислела дека ќе и помогне во кариерата.
Таа ги повторила деталите кои ги раскажала неколку денови претходно. Тврди дека Бил ѝ понудил чаша црвено вино иако знаел дека во тоа време се лечела од алкохолизам. Дикинсон го обвинила и дека ја дрогирал. Мислела дека ѝ дал таблета за менструални болки, а се разбудила во болки, прекриена со сперма.
“Се сеќавам дека се чувствував луто и повредено. Чувствував грозење кон него, а ми се гадеше и од самата себе”, раскажала Џенис.
Изјавила дека никогаш не помислила дека Бил може да биде такво чудовиште. Му верувала на зборовите бидејќи бил оженет човек. Вели дека се сè случило во 1982. година, и дека од тогаш не е истата личност.
“Е*и се Бил, чудовиште едно. Сите знаеме дека тој нема да сноси никаква одговорност за тоа што го направи”, рекла Џенис. Додала дека знае дека била млада и наивна, но и дека била многу среќна поради повикот на Бил и понудата за работа во “Cosby Show”, пред да ја силува.
“Тогаш имав успешна кариера и сакав да се искачам на повисоко ниво”, објаснила Џенис. Кога Дикинсон прв пат проговорила, адвокатите на Козби тврделе дека е тоа лага. Како доказ ја споменале нејзината автобиографија до 2002. година, во која навела дека одбила да спие со Козби.