Суташ инвестира во “природниот вкус“ во земјата на природата

popara13 јануари, 201427min00
3

Скопје, 13-ти јануари 2014Комплетирајќи ги обновените инвестиции во погоните што ги превзема во Скопје, денес во својата фабрика Суташ организираше прес конференција на која ја промовирашесвојата нова јавна кампања за Македонија – „Уживајте во природниот вкус“. По тој повод, претседателот на одборот на Суташ,Муарем Јилмаз изјави: „Инвестиравме за ’природниот вкус‘ во ’земјата на природата‘.“

 Г-динот Јилмаз го изрази своето задоволство бидејќи фабриката на Суташ во Скопје прерасна во „најмодерната фабрика со најголем капацитет за производство на млечни производиво Македонија“ преку инвестицијата од 13 милиони евра и рече: „Тука сме за да ги претставиме нашите производи со природен вкус што ги произведуваме користејќи ја експертизата и најсовремената технологија на Суташ, од македонско млеко и со македонска работна сила, прво во Македонија, а потоа и во останатите земји во регионот.“

 Инвестиравме за млеко со висок квалитет и извоз

Муарем Јилмаз изјави: „Го гарантираме природниот вкус благодарение на контролата на квалитетот што ја вршимена сите нивоа од производството на млеко и млечни производи. Ќе им овозможиме на македонските потрошувачи да конзумираат најсвежи, вкусни и природни млечни производи направени од најквалитетно млеко“. Тој додаде дека македонскиот пазар ќе доживее раст преку иновациите во индустријата што ќе ги обезбеди Суташ, како и со новите вкусови што тој ќе им ги понуди на потрошувачите. Г-динот Јилмаз рече дека ќе ја зголемат потрошувачката на млеко и млечни производи во Македонија до нивото на европските држави. Според него, зголемувањето на потрошувачката на млеко и млечни производи е најважната инвестиција во иднината на едно општество. „Ќе работиме многу напорно за да млекото и млечните производи им станат поблиски, попривлечнии омилени на потрошувачите и за да ги информираме за важната улога што млекото ја има во рамки на здравата исхрана“, рече тој.

 Г-динот Јилмаз исто така спомна дека ќе соработуваат со Министерството за земјоделство во насока на развој на производството на млеко и дека сакаат да ја споделат целата нивна експертиза и вештина со производителите на млеко.

Муарем Јилмаз изјави дека она што им дава сила за натпревар при проширувањето на Суташ во Европа се извонредната природа, богатата култура, географската позиција, напредната инфраструктура и динамичната работна сила на Македонија. Тој додаде: „Суташ гопренесево Македонија неговото 40-годишно знаење и експертизатастекнати во Турција и Суташ постепено ќе го зголемува својот придонес за економијата на Македонија преку зголемување на производството, бројот на вработувањата и извозот од областа на млечната индустрија.“

 Јилмаз изјави дека досегашниот успех ќе води кон понатамошенуспех и рече: „Нашиот успех во Македонија ќе охрабри уште повеќе инвеститори од Турција и од други земји што значи дека ќе има повеќе инвестиции во Македонија“.

 Информации за Суташ

 Групација Суташ

 

Групацијата Суташ е водечка компанија за млечни производи во Турција чие седиште се наоѓа во Истанбул. Таа произведува и пласирана пазарот високо квалитетни производи од следниве категории: млеко, сирење, јогурт, путер, ајран, производи наменети за активно здравје, уживање и деца. Најпознатите брендови се SÜTAŞ, Hüptrik, Minimix, Büyümix, Babymix, Yovita и Tatlımm. Нудиме широк асортиман на производи во рамките на 69категории.

Суташ е водечка компанија за млечни производи која оперира единственово млечната индустрија прекунејзиниот целосно интегриран бизнис пристап „од трева до трпеза“.

 Центрите за млечни производи на Суташ во Турција претставуваат уникатен пример на овој интегриран модел. Секој центар се состои од едукативни центри за фармери, фарми-одлгедувачници, фабрики за сточна храна, погони за органска енергија и погони за млечни производи.

 Суташ има вкупен обрт од приближно 750 милиониевра(45 милијарди денари) и 4000 вработени. Своите производи ги извезува исто така и во соседните земји на Блискиот Исток, на Балканот, во Европа и САД. Денес вкупниот капацитет за собирање на млеко на Групацијата достигнува 2 милиони литримлеко на ден.

 Суташ Македонија

 Суташ Македонија почна со своите активности во Македонија пред 6 месеци во неговата фабрика за производство на млечни производи во Скопје. Неговите производи на пазарот може да се сретнат во 6 категории под брендот на Суташ: кисело млеко, ајран, јогурт, сузме сирење, путер и млеко. Производите се направени по највисоки стандарди за квалитет од високо квалитетно свежо млеко. Во декември 2013 година Суташ почна да ги извезува своите млечни производи во Косово.

1

2

4

5

 


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag