Најновото лудило на интернет се нарекува “Тест за убавина“, а се базира врз проценката на пластичните хирурзи и нивниот идеал или дефиниција за убавина.
Трендот започна во Кина, а сега се шири и во останатиот дел на светот. Тестот е едноставен. Ставете го показалецот, како на фотографијата, така да ја допира брадичката и носот. Доколку и усните го допираат носот вие сте убави, ако не, тогаш игнорирајте го резултатот:)
Тестот всушност ја покажува долната фацијана симетрија и пропорции и се нарекува Рикетова Е-линија.
Концептот потекнува од 50те години врз основа на трудот на доктор Роберт Рикетс.