Родителите на 12 годишната Тејлор Смит од Тенеси која починала од воспаление на белите дробови го нашле писмото кое девојчето си го напишало за себе си во иднината, со назнака “да се отвори после 10 години“.
Родителите го нашле писмото додека ја чистеле собата на покојната Тејлор.
“Драга Тејлер, како ти оди во животот? Животот е мошне едноставен 10 години во минатото. Ти честитам на матурата, а ако не си дипломирала продолжи да се трудиш за да ја заслужиш таа диплома… Дали имаш свој стан? Ако сме на колеџ, што студираме? Во овој момент би сакала да бидам адвокат. Сети се, поминале 10 години откако ова сум ти го напишала. Многу работи се случија во меѓувреме, и добри и лоши, но едноставно така функционира животот и мораш да се носиш со тоа“, напишала Тејлор… 🙁
httpv://www.youtube.com/watch?v=QJ3fNwZfuso