Телохранителката на султанот од Брунеја му “здиплила” накит вреден 14,5 милиони евра!

popara31 јануари, 20141min00
Marijam-Aziz-Fatima-Lim-670x447

Фатима Лим (35), која работела како обезбедување во куќата на Мариам Азиз, некогашната сопруга на брунејскиот Султан, е обвинета за кражба на нејзините дијаманти во вредност од 14,5 милиони евра.
Според судскиот извештај, таа заменила два дијаманти со реплики чија вредност била по 180 евра, за да ја прикрие кражбата во куќата на нејзината газдарица во Лондон. Еден од дијамантите е со сина боја од 12,71 карат, вреден околу 9 милиони евра, додека другиот е во жолта боја од 27,1 карат, вреден околу 730,000 евра.
Како причина за кражбата била наведено враќање на коцкарски долгови. Меѓутоа, овие дијаманти не се единственото нешто со што се послужила Фатима, туку признала дека ја искористила Султановата ќерка да и позајми 2 милиони евра вредни дијаманти на неколку часа.
Фатима исто така е обвинета за исчезнување на дијамантски нараквици од 4 милиони фунти, кои и биле дадени на чување.
Наводно, украдените дијаманти Фатима ги однела во златара за да ги продаде, тврдејќи дека госпоѓа Азиз ги поклонила на нејзината мајка. Судењето е во тек, но таа и понатаму негира дека е крива за обвиненијата.

Narandzasti-dijamant001

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag