Ви нудиме 10 различни врати, а вие изберете една која прва ќе го привлече вашето внимание без премногу да размислувате. Послушајте го првичниот инстинкт…Која врата ви влева најмногу доверба?
Ако сакате да дознаете нешто повеќе за вашата личност решете го овој едноставен и краток тест. Која врата прва би ја отвориле? Тоа би можело да открие нешто повеќе за вас, односно вашиот карактер.
1 Тиркизна
Вие сте забавна личност која ги цени едноставноста и леснотијата.
Сакате да им угодувате на другите, но и сами да уживате во ситните луксузи како што се убави садови за храна, миризливи дизајнирани свеќи или специфични лебови од локалната пекара.
Веројатно љубите да патувате и ги сакате другите култури.
Им посакувате на сите сѐ најдобро и секогаш се трудите да создадете пријатна атмосфера помеѓу луѓето. И токму затоа имајте на ум дека доколку понекогаш ви е потребна помош или поддршка, сосема е во ред да ја побарате од другите.
2 Црна
Вие се едноставна личност која не сака да ги комплицира работите. Имате тенденција да ги правите работите совршено, но запрашајте се дали толку многу труд може да ви се исплати. Не чувствувате дека нешто ви недостасува? Многу енергија трошите на своите лични постигнувања и професионални успеси, а да не зборуваме за признанијата како дипломата и сертификатите на ѕидот во вашата канцеларија. Но, дали на тој пат се имате и лично развиено? Да се живее квалитетно значи да се пронајде рамнотежа помеѓу сите главни аспекти од животот.
Затоа, опкружете се со позитивни работи и дозволете си барем неколку луди авантури. Изненадете се себеси со изборите кои ги правите. Ризикувајте понекогаш и напуштете ја сигурната патека по која вообичаено чекорите.
3 Портокалова
Со својата необична личност лесно ги привлекувате луѓето околу себе, иако ретко на кого му дозволувате вистински да ве запознае.
Многу работи ви одат од рака. Уметнички тип сте кој се изразува на многу начини. Имате способност од ништо да направите нешто.
Базарите и продавниците за антиквитети не ви се туѓи, како ни способноста од стари и неупотребливи предмети да направите нови и интересни.
Си го цените сопствениот простор, па затоа неретко се затворате сами во него. Не заборавајте понекогаш да го напуштите вашето тајно скривалиште. Спуштете се на земјата и уживајте во животот под облаците.
4 Темно зелена
Вие сте стара душа склона кон драматизирање. Имате големи уметнички претензии и сакате да се изразувате себеси низ пишан збор, музика, ликовна уметност или нешто слично. Знаете да бидете контрадикторни, па дури и во моментите на најголема отвореност кон другите, може да задржите многу работи за себе. Имате богат внатрешен живот, но поголемиот дел од вашите мисли ги чувате љубоморно за себе.
Иако ви е тоа тешко, обидете се да поделите некои од своите недоумици со другите. Не само што ќе се почувствувате подобро, туку тоа ќе ви помогне полесно да се справите со својот перфекционизам и потребата да му најдете капаче на секое лонче. Сепак сте социјално битие кое мора да комуницира со својата околина.
5 Виолетова
Важно ви е да бидете дел од тимот, т.е. со својата работа да придонесувате во секоја ситуација. Среќни сте кога работите се движат по својот природен тек, а најмногу ве исполнува вашата лична продуктивност. Таквата особина ви има развиено одредена самосвест, но обидете се сепак да застанете на топката. Можеби понеделник не би требало да биде почеток на работната недела, туку можност на овој ден едноставно да се чувствувате пријатно во сопствената кожа.
Земете си време за да ги пронајдете работите во кои уживате, а кои не се дел од рутината. Истражете се самит себе, дури и по цена на вашето опуштање кое ви е толку непознато. Сѐ може да се постигне и за сѐ има време.
6 Црвена
Вие сте сигурна личност со око за детали. Другите ве перципираат како сталожена личност која води сметка за на себе сличните во својата околина. Меѓутоа, на некој начин ја сокривате вашата неурамнотеженост. Се грижите за впечатокот кој им го оставате на луѓето однадвор, но внатрешноста на вашиот стан или автомобил најверојатно е неуреден. Имате склоност кон деструктивна самокритика, посебно во тешките моменти кога се обвинувате себеси за неуспесите.
Сигурно не ви е лесно да живеете толку контрадикторен живот. Затоа најдете време за одмор и опуштање. Животот не се состои само од грижа за другите и светот не е секогаш свртен против вас. Што сакате од себе? Како тоа да го постигнете?
7 Бела
Вие сте минималист кој секогаш има нешто важно за правење. Грижа ви е за другите и често им посветувате време кое всушност треба да ви припаѓа вам. Чувствителни сте и сакате да се опкружувате со работи кои нешто ви значат. Пријателите и семејството ви се на прво место во животот и за нив би направиле сѐ ако можете. Но, понекогаш треба да мислите повеќе на себе и на начините на кои можете да се расположите. Што може да ве развесели? Како би сакале да го поминете вашиот совршен ден?
Иако можеби имате важна улога во семејството или на работа, немојте да си дозволите да се изгубите себеси. Секој ден е прилика за обликување на иднината на начинот на кој сакате таа да изгледа. Сфатете дека убави нешта им се случуваат на сите, и вие не сте исклучок од тоа.
8 Темно сина
Вашата игрива и весела личност позитивно влијае на вашиот изглед и однесување.
Иако на сѐ се прилагодувате, имате проблем со самодовербата, како и со анксиозноста во одредени сфери од животот.
Неорганизирани сте, а кога имате големи проблеми во животот, не знаете од каде да почнете за да ги решите.
Посветете време на себе и на развојот на својата личност, прифатете ги мааните и научете да се сакате. И никако немојте да ги игнорирате луѓето во својата близина кои би можеле да ви помогнат во тоа. Животот е поедноставен кога не сме сами.
9 Зелена
Вие сте генијална личност која има решение за секоја потешкотија. Вешти сте во решавање на проблемите, а штедливоста ви е голема доблест. Го негувате едноставниот начин на живот и низ него минувате држејќи се за основите во сите полиња. Зошто би ви требало нешто повеќе? Лесно ви е да сакате и да задоволувате, а најдраго ви е кога своите решавачки способности ги користите за помош на други.
Без разлика дали треба да го поплочите купатилото или да изградите куќа за птици, вие сте секогаш подготвени да ги ангажирате сите ваши мудри способности и вредни раце. Сепак, немојте да се чувствувате инфериорно доколку некој ви пружи рака и направи нешто што вие самите не сте можеле.
10 Кафена
Како личност ја цените стабилноста и целокупноста на животот. Другите можат да сметаат на вас, знаејќи колку сакате квалитет и детали. На сѐ пристапувате со претходна анализа и ретко се наоѓате во ситуација да немате план.
Сигурноста и поддршката ви се на прво место во сите сфери од животот. Дури и кога ќе постигнете повеќе од очекуваното, се чувствувате по малку незгодно што резултатот не бил во рамките на очекувањата. Тоа посебно важи кога немате многу корист од она што е вишок.
Многу веројатно имате уметничка страна, но ја имате потиснато од некоја причина и никогаш не сте одлучиле да профитирате од тоа. На пример, сакате да слушате музика и да собирате стари плочи, но никогаш сами не би зеле инструмент во раце. Своите проблеми ги чувате за себе и немате обичај со нив да им се наметнувате на другите. Но, немојте да се затворате. Покажете го искрено вашиот карактер, како и слабостите, тоа не е противзаконски.