Состојки:
• 120 грама шеќер во прав
• 300 грама блага павлака
• Екстракт од ванила
• 250 грама маскарпоне сирење
• Бисквити
• Шолја силна, црно кафе
Подготовка:
Во садот ставете шеќер во прав, додадете блага павлака и сето тоа заедно изматете го. Во другиот сад ставете маскарпоне сирење и екстракт од ванила и добро измешајте. Смесата од маскарпоне сирење и ванила турете ја во шлаг и сето тоа добро изматете. Бисквитите преполовете ги на пола, макајте ги во кафето и ставајте ги во шолја или висока чаша. Преку бисквитите турете ја смесата, и на крај декорирајте со ренданото чоколадо.