Инстант лозот Подарок продолжува да радува. Струмичанецот Зоран Делев е нашиот најнов среќен добитник на 60.000,00 денари, благодарение токму на Инстант лотаријата Подарок.
Делев го одбирал својот Подарок трипати. Со задоволство одбрал 3 лоза, од кои првите два му донеле помала добивка од 50 денари, додека со третиот лоз Подарок среќата навистина го послужила, изненадувајќи го со убавата добивка од 60 илјади денари.
Тој и неговото семејство редовно играат некоја од игрите кои се дел од понудата на Инстант лотариите на Државна лотарија на Македонија.
Само за потсетување Инстант лотаријата ПОДАРОК има цел да ви ги развесели празниците, па дури и да ви го претвори во празник некој сосема обичен ден. Со лозот ПОДАРОК ви овозможуваме да ја решите дилемата за подарок за роденден, именден или било каков друг повод. Со добивките од лозот ПОДАРОК развеселете се самите или другите.
Цената на лозот ПОДАРОК е 50 денари, а во игра ве очекуваат бројни парични премии од 50 до 60.000 денари. За повеќе забава вклучени се и помали добивки, кои го прават секој трет лоз е добитен, но и ги зголемуваат шансите за повеќе забава. Трите идентични суми во лозот се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа.
Со најубави желби за љубов и дружење, одберете го вашиот среќен ПОДАРОК!
Инстант лозот ПОДАРОК може да го пронајдете во сите продажни места со знакот на детелинка ширум Македонија.
Кој гребе, тој добива!