Ако некогаш сте биле во Сан Франциско или пак ако живеете таму, можеби сте слушнале за Андрес Амадор, момчето кое со обичен дрвен стап прави неверојатни и никогаш видени уметнички дела.
Ако четката и платното се основно средство на секој сликар, за Андрес тоа се дрвен стап и песочна плажа во Сан Франциско. Тој своите дела со часови ги прави на огромни површини иако знае дека со доаѓање на плимата неговата уметност ќе биде уништена.
Неговите дела најубаво можат да се видат од птичја перспектива.
Кога го прашале зашто тоа го прави, Адрес им го дал најдобриот можен одговор, а тоа било затоа што му било забавно и дека уживал кога е на плажа.
Во продолжение погледнете неколку од неговите дела!