Три здравствени придобивки од свинската маст

popara4 мај, 20141min00
19

Заради количината на заситени маснотии и холестерол, долго време свинската маст се сметала за опасна по здравје, но докажано е и потврдено од страна на бројни стручњаци дека маргаринот, кој со години бил замена за маста, е поопасен и поштетен за човечкото здравје. Имено, маргаринот содржи материи со синтетичко потекло, трансмасни киселини кои се далеку поштетни од маста затоа што го креваат нивото на лошиот холестерол, а го намалуваат нивото на добриот.

1. Свинската маст е по својот состав 40 проценти заситена маснотија, а за споредба, кокосовото масло е 85 проценти заситемна маст. Поголемиот дел од мононезаситените масти во свинската маст ги чини олеинската киселина, која е многу здрава масна кислеина што ја помага работата на срцето и е поврзана со пониско ниво на лошиот холестерол. Во свинската маст има двојно повеќе олеинска киселина отколку, на пример, во путерот.

2. Свинската маст не ја менува својата структура и при загревање над 250 степени Целзиусови. Заради тоа, производите пржени на свинска маст апсорбираат помалку штетни радикали кои во случај на други топливи производи, како путерот, со пржење се зголемуваат. Секако, пржената храна не се препорачува да се консумира во големи количини, но кога тоа се прави, најдобра опција е пржењето на свинска маст која на храната ќе и го даде оној вкус што го паметиме од кујните на нашите баби.

3. Маснотиите од маста имаат свои предности и докажано е дека му се потребни на телото за извршување на секојдневните функции, секако, во значително помала количина од онаа што ја користеле нашите претци. Маста содржи калории, но истражувањата потврдиле дека притоа, станува збор за производ што дава подолго чувство на ситост, а предноста е што маснотиите од маста се претвораат во енергија и ја помагаат апсорпцијата на витамини. Свинската маст докажано содржи холестерол кој во телото, под влијание на УВ зраците се претвара во витамин Д значаен за апсорпција на калциумот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag