Трка со косилки

popara16 јули, 20141min00
Трка со косилки
Непосредно пред трката во Силверстоун, одржан е и еден вид на спектакл – трка со косилки во која учествуваа коментаторите на британскиот “Sky Sports”, инаку поранешни Ф1 возачи, како и Кими Раиконен.

Иако во односот кон “седмата сила” е поприлично ладнокрвен, а понекогаш дури и брутален, финскиот возач на Формула 1, Кими Раиконен, е вечна мета на медиумите, не само после неговото враќање во Формула 1 туку и особено откако тој стана повторно дел од екипата на Ферари.

Овој пат, непосредно пред Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун, британскиот “Sky Sports” организираше уникатна трка на поранешните возачи на Формула 1, а сега спортски коментатори, a дел од оваа трка беше и Кими Раиконен. Овие врвни Формула 1 возачи седнаа токму позади воланот на косилки за трева.

Зад воланот на косилките против асот на Ферари се најдоа Мартин Брундле, Џони Херберт и Ентони Дејвидсон. Погледнете:

httpv://www.youtube.com/watch?v=WJ4f-hlZGK4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *