Втора Светска војна, битка помеѓу руската и германската армија на Финскиот фронт. Руски војник скриен во ровот пишува писмо.
– Никогаш до сега во животот не сум те побарал, но денес сакам да те поздравам.
Не знам Боже дали ќе ми подадеш рака, но јас ќе ти спомнам и знам дека ќе ме сфатиш. Нели е чудно што во вртологот на ужасниот пекол, одеднаш се појави светлина кон мене и јас Те препознав?
Всушност и јас нема што повеќе да кажам. Ќе ти кажам само дека сум среќен, среќен сум што Те запознав. На полноќ е закажан напад, но јас не се плашам, Ти бдееш над нас и не чуваш.
Викаат! Што можам? Морам да тргнам. Ми беше убаво со Тебе. Уште сакам да ти го кажам она што сигурно Ти е познато, дека битката ќе биде тешка и можеби уште вечерва ќе затропам на твојата врата. Иако до сега не бев твој пријател, ќе ми дозволиш ли барем да влезам кога ќе дојдам?
Ми се чини дека плачам. Боже мој, Ти гледаш што се случи со мене, денес прогледав! Прости ми Боже, заминувам… и не верувам дека ќе се вратам. Чудно, но јас повеќе од смртта не се плашам.
Писмото е пронајдено во палтото на војникот Александар Зацепа, загинат во битката.