Тинејџерот Набил Бланко Серда е најмладиот платен убиец уапсен во Перу. Тој го предводел нападот за време на кој е убиен еден полицаец и член на ривалскиот клан, а уште двајца биле потешко повредени.
Во соопштението на полицијата се вели дека Набил е најмладиот платен убиец кој некогаш е уапсен во Перу.
Момчето со уште неколку соучесници , сите малолетни извршиле напад на еден кафич во провинцијата Ика при што бил убиен еден криминалец од ривалската банда, полицаец, а уште двајца потешко поврдени.
12 годишниот Набил и уште двајца малолетници како и поголем број возрасни лица биле регрутирани од страна на Едвин Лопес Габриел, мафијаш познат како Локо Пелуса.
Полицијата тврди дека Лопес создал синдикат кој служел како параван за неговите криминални активности, а членовите на бандата ги користел за заплашување и уцени на бизнисмени кои му плаќале рекет за заштита како и за убиство на конкурентите.
Полицијата која во склоп на оваа акција уапсиле вкупно 16 лица биле шокирани кога дознале дека лидерот на групата платени убици е 12 годишно дете и дека за време на рекетот тој бил задолжен за примена на сила врз жртвите.