Активноста на Сонцето значајно е намалена, тврдат научниците и после прегледот на последните снимки на Сочевиот систем, се вели дека постои голема веројатност да настапи Ледена доба, појава што ја погодила Европа пред 4 века.
Соларното затишје на Сонцето според снимките од вселенската станица ги вознемирува научниците поради многу слабата активност.
Ова значи дека Соцето станало мошне неактивна ѕвезда, како да спие. Но ова не е прв пат вакво нешто да се случи. Во 17 век Сонцето било исто така во многу пасивна фаза и тој период се нарекува Маундер Минимум. Историските записи сведочат дека и тогаш речиси исчезнале сончевите пеги.
Последиците од затишјето на Сонцето засега се неизвесни, но за една работа научниците се сигурни: нашата ѕвезда е непредвидлива. Да се надеваме дека Сонцето ќе се разбуди, а во спротивно, не очекува остра Ледена доба и сурови услови за живот во блиска иднина.