Вака изгледа документарецот за Викторија Бекам! (видео)

popara29 јануари, 201417min00
11

Жената на Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам снимила филм за својот живот и големиот успех во модната индустрија насловен како: “Пет години: Модерна приказна за Викторија Бекам“, за кој е претставен и официјалниот трејлер.

Документарецот ги содржи најважните настани од последните пет години на нејзиниот живот, како и времето кога беше дел на Спајс Грлс и жена на славен фудбалер, до денот кога сериозно почна да чекори во модната индустрија каде ги помести границите.

“Модата уште од мали нозе е мојата страст. Од секогаш сакав да направам нешто големо, што никој никогаш не успеал да го направи, сонував дека еден ден ќе имам моја модна колекција. Уште како мала зјапав во мојата мајка додека се преоблекуваше и и велев дека изгледа неверојатно“ – изјавила дамата со леден поглед.

httpv://www.youtube.com/watch?v=N_dXTy66oF0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma