Вака изгледа новиот часовник на Гугл

popara3 јули, 20141min00
Вака изгледа новиот часовник на Гугл
Претставувањето на новиот оперативен систем за паметни часовници е закажано за следната недела на Google I/O конференцијата во Сан Франциско.

До тогаш, компанијата ни подготви краток видео запис на кој ни прикажува некои од можностите на овие геџети.

Новиот Android Wear оперативен систем за паметни часовници ќе биде претставен за кусо време. Како би се подготвиле за ова случување, Google објави краток видео запис на YouTube мрежата на кој ни прикажува одредени функции, и генерално целата идеја како ќе функционира овој оперативен систем.

Android Wear ќе го скрати времето кое е потребно за користење на апликациите на паметниот телефон, но и значајно ќе ја олесни работата на програмерите кои ќе прават апликации за овој оперативен систем.

Првиот уред со овој оперативен систем, LG G Watch, ќе биде исто така прикажан следната недела, а до тогаш, погледнете го споменатиот видео запис:

httpv://www.youtube.com/watch?v=Bl4Qne-RpcM

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *