Вакцина за Ебола? Нема заработка, нема ни вакцини!

popara20 октомври, 20141min00
10

Еве зошто нема лек за Еболата: Изјавата на британскиот доктор ја потресе светската јавност. Доколку еболата не излезе од Африка, нема потреба за вакцина и лек.

Додека во својот најголем налет на епидемијата до сега еболата немилосрдно го убива човештвото во Западна Африка, многумина се прашуваат зошто се уште нема лек за оваа болест која се појави пред повеќе од 30 години и чија смртност и денеска изнесува околу 90%.

Претседателот на британскиот факултет за јавно здравје Џон Аштон изнесе обвиненија упатени кон фармацевските компании кои ги потресоа медиумите. Тој тврди дека лекот за ебола не е пронајден затоа што главно убива Африканци. Тој тврди дека за да се пронајде моментално вакцината таа би требала да го нападне Лондон.

Тој вели дека Западот треба да го третира смртоносниот вирус како да ги зема животите на луѓето во најбогатите делови во Лондон, наместо само во Сиера Леоне, Либерија или Гвинеја.

Џон Аштон го споредува меѓународниот одговор на ебола со оној кога вирусот на сидата уби илјадници Африканци низ годините.

Во двата случаи и еболата и сидата, се чини дека погоденоста на немоќните групи допринесе на бавен одговор и неуспех и анагажирање на медицинските ресурси на меѓународно ниво – тврди Џон Аштон.

Доктор Аштон еднаш напомена дека повеќе пари мораат да бидат вложени во истражување за да се пронајде лекот.

Сепак има и други погледи на овој проблем.

Експертите истакнуваат дека главната причина за вирусот на ебола и неговата опасна природа е тешко да се проучува. Дерек Гатхерер, експертот кој се занимава со генетски вирус, од Универзитетот Ланкастер во Велика Британија, објасни за Fox News дека секогаш е полесно да се открие лек за болест која е предизвикана од бактерии.

„Антивирусните лекови за антибактериските заостануваат неколку десетлетија. Вирусите не произведуваат многу протеини така што се помаламета која би можела целосно да се излечи. Тоа е случајот и со вирусот ебола“, истакнува Гатхерер.

Освен тоа, вирусот ебола брзо се менува па само прашање е дали вакцината произведена денеска, би била ефикасна и за неколку години. До сега научниците пронајдоа пет вида на вирусот ебила. Поради тоа што е смртоносен, научниците можат да работат со истиот во ограничувачки услови, и број на експерименти.

Само во неколку лаборатории во светот, може да се работи со вирусот ебола. Освен тоа од луѓето кои биле заразени со ебола, многу малку преживеале, па е тешко да се проучи кои им биле биолошките фактори да го победат вирусот“, објаснил научникот.

Еболата за прв пат се има појавено во 1976 година во Конго и Судан. Потеклото на вирусот засега не е познат, но се претпоставува дека се тргнало од лилјаците. Од животните еболата се пренесла и на луѓето, а од човек на човек се пренесува преку телесни течности (крв, плунка…)

Симптомите се температура, болки во мускулите, главоболки, дијареа, а во некои случаи и крварење. Вирусот ебола ги напаѓа имунолошките клетки и предизвикува нивно загревање, поради што пукаат крвните жили и расте крвниот притисок, а тоа доведува до прекинување на работата на органите.

Потенцијалните лекови за ебола се во експериментална фаза и се тестираат на животните, и за сега сеуште не покажуваат резултати против еден од најопасните вируси на денешницата.

Вакцината против Еболата може да гарантира мошне мал профит

„Претходните епизоди на еболата изгореле само по себем со помалку смртни случаи по краток период“, изјавил доктор Аилен Марти, професор за заразни болести на Интернационалниот Универзитет Флорида.

„Тоа би значело помало чувство и потреба за да вакцината се појави на пазарот“, објаснила таа. „Нема пари во оваа вакцина. Но тоа е навистина страшен начин да се умре“.

Експертите велат дека третманот против еболата и вакцините се во различни фази на тестирање во неколку американски истражувачки центри,кои се воглавно финансирани од страна на владата. Повеќето лекови досега се испитани на животните без одреден датум за нивната достапност.

Постојат неколку мали американски компании кои ги развиваат вакцините и лекот како што се BioCryst и NancoViricides и една канадска компанија Tekmira, која работи на лекот, и тоа со помош на средствата од американското министерство за одбрана.

„Тешко е да се развие лекм затоа што тие не би можеле да ни користат“, изјавил доктор Крис Милне, директорот за истражување во центарот Туфтс за проучување на лековите.

Милне истакна дека фармацевските компании би можеле да потрошат милиони за развој на вакцини против грипот кои потоа се фрлаат, затоа што не се ефикасни на новите вируси.

„Треба многу време, труд и пари да се развие нешто како вакцина против еболата со така мали можности за профит“, изјавил тој.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma