Ванила крем со портокал и карамел

popara13 јуни, 20141min00
11

Состојки

за крем од ванила
• 2 јајца
• 50 гр шеќер
• 1 пудинг од ванила
• 2 дл шлаг
• 2 листа жела­тин (околу 33 гр)
• 1 пор­то­кал (изрен­дана кора и исце­ден сок)

Подготовка
Ста­вете го жела­ти­нот во вода за да наба­бри. Изма­тете ги жолч­ките со шеќе­рот на пареа. Садот трег­нете го од оган. Изма­тете го шла­гот и дода­дете кора од пор­то­кал. Пудин­гот од ванила про­ва­рете го на оган заедно со сокот од пор­то­кал. Спојте ги сите состојки и кре­мот од ванила е готов.

за кара­мел крем
● 60 гр шеќер
● 1 дл слатка павлака
● малку вода

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: ста­вете го шеќе­рот во тава и загре­вајте со посто­јано мешање, сè додека не почне да се топи. Пре­ста­нете со мешање и оста­вете да се истопи целиот шеќер. Шеќе­рот треба да добие златно-жолта боја. Вни­ма­вајте да не се пре­пржи, затоа што во тој слу­чај ќе биде гор­члив. Налејте ја слат­ката павлака (да биде на собна темпе­ра­тура) во кара­ме­ли­зи­ра­ниот шеќер.

Чекор 2: варете на уме­рен оган и дода­дете малку млака вода со посто­јано мешање. Целиот кара­ме­ли­зи­ран шеќер треба да се истопи во павла­ката и полека да добива густина и кре­ма­ста струк­тура. Трг­нете го од оган и оста­вете малку да се излади.

Чекор 3: во високи чаши ста­вете ред крем од ванила, па ред крем од кара­мел. Со мало лажиче малку про­ме­шајте за да се испре­пле­тат кремовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *