Вашите омилени бои говорат за вашиот сексуален апетит

popara3 септември, 20142min00
2

Чудно, но боите на облеката, нијансите на ѕидовите во станот или бојата на автомобилот многу зборуваат за сексуалниот живот на личноста во прашање.

Омилената боја открива колку силна сексуална желба имате, колку често доживувате оргазам и какви сексуални склоности имате.

Црвена

crvena-seks
Симболизира страст, па личностите кои ја сакаат оваа боја знаат да уживаат во сексот и во физичкиот контакт. Склони се кон агресивни настапи кон спротивниот пол, а ако се соединат две личности кои сакаат црвено, парот често ќе експериментира и ќе испробува нови нешта.

Жолта

zolta
Ако сакате жолта, тоа значи дека добро го контролирате својот сексуален нагон и во креветот ја препуштате доминантната улога на партнерот. Никогаш не одбивате туѓа иницијатива, но ретко ги наметнувате своите желби. Најважно ви е вашата драга личност да е задоволна.

Зелена

foot
Кога се работи за сексот, „зелените“ се нежни и чувствителни. Жените секогаш водат љубов како да им е прв пат, а мажите се сочуствителни и спремни да ги исполнат желбите на своите партнерки. И едните и другите се верни на своите партнери и тешко замислуваат сексуални авантури со други луѓе.

Сина

sina
Тие сексот го доживуваат како уметност, па пристапот секогаш им е елегантен. Мажот се однесува како пијанист, нежно истражувајќи го женското тело и внимателно наслушнувајќи ги нејзините потреби. Жените уживаат во предиграта со иста мера како и во сексуалниот чин. Дарежливи се и нежни.

Виолетова

violetova
За овие луѓе, сексот е губење време. Жените што се фанови на виолетовата, повеќе се грижат дали ќе им се растури косата, отколку тоа нивниот партнер да ужива, но се немарни и за своето задоволство. Мажите му пристапуваат на сексот како на работна обврска и немаат слух за туѓите желби.

Сива

siva
Неодлучни и несигурни љубовници. Потребно им е многу време да донесат одлука и тешко се впуштаат во обврски. Сексот им е само начин да ги задоволат потребите, но не и задоволство. Лошо се сложуваат со „останатите бои“.

Розева

rozeva
Личностите чија омилена боја е розевата се склони кон флерт и неверства. Жените најчесто ветуваат многу повеќе од она што планираат да дадат, незрели се во односот со партнерот и сакаат да си поигруваат. Мажите се склони кон честа промена на сексуалните партнерки и радо би влетале во авантура со непознати жени.

Портокалова

portokalova
Овие личности уживаат во сексуалните фантазии. Во креветот шепотат скокотливи нешта и ја подгреваат фантазијата на партнерот. Предиграта и нежните допири им се важни како и самиот чин. Во случај да не се задоволни од личноста од спротивниот пол, тоа тешко си го признаваат. Не им е проблем да одглумат оргазам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag