Веројатно вам родителите кога сте биле мали постојано ви говореле да престанете да ги пукате прстите. Најчесто причината која ви ја кажувале била дека ќе добиете артритис и дека наскоро ќе започнат да ви се тресат рацете.
Сепак, за тоа се уште не постои научен доказ, иако не е препорачливо да го правите тоа. Еве и зошто:
Зглобот е спој на две коски (или повеќе) помеѓу кои се наоѓа ‘рскавица која ги штити коските. Нив ги спојува сврзно ткиво и лигаменти, а во средината се наоѓа зглобна капсула исполнета со течност. Таа во себе содржи растворени гасови, а причината поради сето ова да постои помеѓу коските е да се спречи триење на рскавицата.
Кога ги крцкате прстите, вие ја ширите зглобната капсула и така доаѓа до создавање на меурчиња во течноста (т.н. процес на кавитација). Звукот на крцкање всушност доаѓа од пукањето на тие меурчиња.
Иако не постојат научни докази дека крцкањето т.е. пукањето на прстите е лошо по вашето здравје, можеби сепак би требало да ги оставите вашите зглобови на мира.