Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан учествувала во емисијата Celebrities Undercover, а нејзината задача била да ги прелаже фановите кои се пријавиле за работно место – нејзин асистент и да дознае што всушност мислат за неа! Колку маската била убедлива потврдува и тоа дека ни родената сестра Кортни не успеала да ја препознае!
Ким на лицето ставила силиконска маска, лажни заби, очила и перика, додека препознатливите облини ги покрила со широка облека па луѓето воопшто не ја ни погледнувале додека таа сосема нормално седела меѓу нив и слушала.