Видео: Па, мажите силуваат девојчиња, тоа е нормално?!

popara26 февруари, 201417min00
Видео: Па, мажите силуваат девојчиња, тоа е нормално?!

Министерот по етика и интегритет во Уганда, Симон Локодо во интервјуто со британскиот актер и активист Стефан Фрај дал неверојатна и скандалозна изјава, која Фрај ја снимил со камера.

Фрај: “Му реков…има толку многу работи за кои би требало да се грижите отколку за тоа дали некој хомосексуалец легнува во кревет со друг хомосексуалец. На пример, вие се соочувате буквално со епидемија на силување девојчиња во вашата земја, што е многу пострашно од хомосексуалната врска. А тој одговори: Да, тоа е вистинско силување. Јас му реков: Тоа е на камера. Знаете дека ве снимам, нели? Тој рече “Да“. Јас го прашав: Можете ли да му појасните? Тој рече: Па, мажите силуваат девојчиња. Тоа е нормално, природно!“

Откако во Уганда се донесе законот со кој се предвидува доживотен затвор за хомосексуалците, Норвешка, Данска, Холандија и САД најавија укинување на финансиската помош за оваа земја како и ревидирање на односите со Уганда.

httpv://www.youtube.com/watch?v=YSDU0qz24YM

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag