
Нема награда, нема замка, нема скриен мотив. Кој ќе го изгледа ова видео од прва до последна секунда, значи дека сеуште има надеж за него…
Како изгледаше животот пред интернет? Наједноставно кажано – почист. Времето кое го посветувавме на некои работи беше многу поискрено и со далеку поголемо внимание, но интернет сето тоа го видоизмени. Штом почувствуваме досада ја менуваме содржината, одиме на друг сајт, гледаме друг клип, друга фотка, бараме нова причина за лајкување на Фејсбук, пребаруваме низ социјалните мрежи случајно да не пропуштиме некој супер-важен настан и слично.
Можете ли да го вратите управувањето на своето време во своите раце? Откријте со помош на ова видео како за почеток, а ако во текот на гледањето не сте побарале нешто поинтересно за гледање, тогаш има надеж за вас. Погледнете го видеото и обидете се да ја добиете малата битка против интернет.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Edx9D2yaOGs